Seminarski i Diplomski Rad

Ekstradicija (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 19 | Nivo: FON univerzitet

 СОДРЖИНА
1.ПОИМ И ВИДОВИ НА ЕКСТРАДИЦИЈА
Екстрадиција е најважен акт на меѓународна правна помош со кривичните предмети.Основата е во тоа што државата на чија територија се наоѓа сторителот на кривично дело т.н замолена држава врши предавање или извршување на кривича санкција на државата која го бара тоа нормално ако постојат услови кој се предвидени со закон.
Неопходно е да се знае дека со екстрадиција се овозможува остварување на територијалниот принцип според кривичниот закон,ако сторителот направи кривично дело и пребега во странство со цел да ја избегне изречената правосилна пресуда. Во овој случај државата и укажува правна помош на државата во која е извршено кривично дело.
Постојат и случаи кога доаѓа до екстрадиција на пример: странски државјанин ке изврши кривично дело во некоја држава против друга држава или странски државјанин па се затече на територија на трета држава, во овој слуцај државата на чија територија се случило крвичното дело има право да го предаде сторителот на државата чии државјанин е тоа лице. Постои уште еден случај каде што имаме екстрадиција а тоа е кога државата на чија територија се случило кривично дело а при тоа има загрозување на некоја нејзина вредност,таа држава може да се откаже од право на казнување а сторителот да биде предаден на државата чиј државјанин е.
Овдека видовме неколку случаи во кои доаѓа до екстрадиција.Исто така екстрадицијата може да биде договорна или законска,накратко ке ги објаснам :
1.1. Договорна екстрадиција се врши врз основа на формален договор за предавање на сторителот или врс основа на декларација на реципроцитет.
Појасно ке кажеме првин за формален договор,тој се врши врз основа на двострани и повеќе страни договори кои се склучуваат меѓу државите.Формалниот договор за екстрадиција всушност преставува спогодба со која дрѓавите кои потпишуваат преземаат обврска дека меѓусебно ке вршат екстрадиција на сторителот само доколку се исполнети услови предвидени со неа.Договорите за екстрадиција можат да бидат билатерални,тоа всушност значи склучени меѓу две заинтересирани држави,регионални склучени меѓу држави од определено подрачје и мултилатерални кои се склучени меѓу поголемброј држави или сите држави.Мултилатерални договори можат да се остварат преку универзални меѓународни организации,пример обединетите нации.
Со овој договор се определуваат или се набројуваат кривичните дела за кои се врши екстрадиција познат како метод на енумерација или се одредуваат кривични дела за кои нема да се врши екстрадиција познат како метод на елиминација.Во современите меѓународни договори најчесто се применува метод на генерална клаузула,всушност според неа се определува видот и износот на пропишаната или изречената казна.Овие договори ги вршат органите кои се надлежни за склучување на меѓународни договори.
Во вториот случај кај декларацијата за реципроцитет се применуваат законските прописи за екстрадиција.Всушност декларацијата за реципроцитет е начин на кој државите го регулираат меѓусебното предавање на сторителот на кривични дела до создавање на сите услови кои се потребни за склучување на формален договор за екстрадиција.Тука се разликуваат формалниот реципроцитет во кој се работи за фактичка екстрадиција,која настанува кога меѓу заинтересираните држави не постои никаква спогодба.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!